Ekip
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Во парламентот на Турција денес е усвоен предлогот на измените на Уставот во врска со укинување на пратеничкиот имунитет на пратениците против кои се водат истраги, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците во Големото народно собрание на Република Турција со 376 глаза ги поддржаа предлог измените на Уставот, со кои ќе биде овозможено укинување на имунитетот, на пратениите против кои се водат кривични истраги.
Предлог законот за измената на Уставот се состои од две точки, а во вкупно три круга на гласање во изминатите два дена, парланетот ја поддржа ревизијата на Уставот.
На денешната седница на тајното гласање пристапи 531 пратеник, а предлогот го подржаа 376 од нив. Против беа 140 пратеници, пет беа воздражни. Седум гласачки ливчиња не се пополнети, а три беа неважечки.
Денес усвоениот закон предвидува вклучување на привремениот член во Уставот на Турција. Според тоа, членот 83 од Уставот на Турција, кој оневозможува процесуирање на парламентарците и нивно апсење, со стапување во сила на денешната одлука, останува ван сила.
Во наредните 15 дена сите барања за укинување на имунитетот на пратениците во парламентот ќе бидат доставени до собраниската Комисија за правосудство.
Министерството за правда на Турција побара во март оваа година покренување на постапка за укинување на пратенички имунитет на копретседателите на прокурдската народна партија (ХДП), Селахатин Демиртас и Фиген Јуксекдаг, како и на пратениците на оваа партија Селма Ирмак, Сири Суреј и Ондер Ертуглу Курџуј
Укинувањето на имунитетот е побарано откако е покрената истрагата за Демиртас, Јуксегдаг, Ирмак, Ондер и Куркџуј, поради нивните изјави за "автономија" од 26 декември 2015 година.
Во рамките на истрагата Обвинителството во Анкара поради "членство во вооружена терористичка организација" и "повикување на жителите на непријателство и омраза", претходното покренување на постапка за укинување на имунитетот побара од Министерството за правда на Турција.