İlkay Guder
22 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Ибрахим Калин, портпарол на кабинетот на турскиот претседател, зборуваше за последните случувања во врска со обидите за постигнување мир во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се работи на механизам според кој ние и Русите во мнозинство би се наоѓале на подрачјето на Идлиб, Русите и Иранците околу Дамаск, и Јорданците и Американците на подрачјето на Дера. Освен тоа, Русите имаат предлог дури и Киргистанците и Казахстанците во одредена мера да ги пратат своите сили”, изјави Калин.