Ekip
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ/КОЊА (АА) - Во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО во Вооружените сили на Турија (ТСК), уапсени се уште 26 офицери за кои е утврдено дека користеле „БајЛок“, јавува Anadolu Agency (AA).
„БајЛок“ е систем за шифрирана комуникација што го користеа членовите на терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, одговорен за неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули оваа година. Преку овој канал за комуникација, раководството на ФЕТО на своите членови им испраќало наредби и инструкции за терористички активности, со што оваа организација го поткопува системот во Турција и државата.
Одделот за борба против тероризмот и организираниот криминал при истанбулското обвинителство ги заврши потребните процедури за 28 осомничени. Две лица се ослободени со мерките за забрана, а 26 се уапсени поради „членство во терористичка организација“.
Во рамките на истрагата во ТСК, претходно е донесена одлука за приведување на 575 воени лица. Во средината на минатиот месец, во акции за апсење спроведени во неколку градови, меѓу кои и Истанбул, беа приведени 351 лице.
Заедно со последната одлука, бројот на уапсени е зголемен на 187.
Освен тоа, во акциите во десет града, меѓу кои и Коња, од 29 декември се приведени вкупно девет лица за кои се тврди дека се членови на ФЕТО и дека ја користеле апликацијата „БајЛок“.
Во тек е акцијата за приведување на поранешни вработени на Универзитетот „Селчук“ и Универзитетот „Мевлан“.
Вчера, Казнениот суд во Истанбул го потврди обвинението во кое се бара тројна доживотна казна за 90 обвинети, од кои 12 веќе уапсени, кои ја окупирале канцеларијата на гувернерот на Истанбул во обид за државен удар во Турција. Првото рочиште е закажано за 13 март.
Меѓу осомничените се и 14 високорангирани офицери.
Споменатото обвинение е трето обвинение подигнато во Истанбул во врска со обидот за државен удар што го изведоа членовите на терористичката организација ФЕТО.