Ekipa
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Се зголеми на 14 лица бројот на приведени за кои постои сомневање дека се поврзани со терористичкиот напад во ноќен клуб во Oртакој, Истанбул. Нападот се случи за време на новогодишната забава, а во него загинаа 39, и беа повредени повеќе од 60 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува истрагата што ја води одделот за тероризам и организиран криминал на Обвинителството во Истанбул.
И денес продолжува земањето изјави од осумте лица што претходно ги приведе истанбулскиот оддел за борба против тероризмот.
Откако беа објавени фотографиите од терористот што го изврши нападот, граѓаните упатија бројни предупредувања до полициските станици во Истанбул.
Припадниците на силите за безбедност проверуваат неколку локации.