Muhammed Enes Can
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата што се води против припадниците на ФЕТО под обвинението „Обид за уривање на уставниот поредок“, „Шпионажа“ и „Обид за уривање на турската Влада“, Главното републичко обвинителство од Истанбул издаде налог за приведување на М.Т., вработен во конзулатот на САД во Истанбул, откако беше откриено дека лицето контактирало со Зекерија Оз, поранешен судија суспендиран од работата поради поврзаност со ФЕТО, во периодот 17 – 25 декември 2013 година, како и со поранешни полициски службеници, припадници на ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Бирото за тероризам и организиран криминал при истанбулското Јавното обвинителство, во рамките на истрагата поврзана со тајната операција што припадниците на ФЕТО ја спроведоа во периодот 17 – 25 декември, го приведе М.Т., вработен во амбасадата на САД во Истанбул, откако откри дека тој бил во комуникација со поранешните шефови на полицијата, Јакуп Сајгили, Назми Ардич, Махир Чакали и Мехмет Акиф Унер, како и со поранешниот судија во бегство, Зекерија Оз, против кои е отворена истрага.
По завршувањето на полициските процедури, М.Т. е донесен во Истанбулската палата на правдата во Чаглајан. Откако е земена изјава, издаден е налог за негово притворање и лицето е префрлено во дежурното судство.
Дежурниот кривичен суд донесе одлука осомничениот М.Т. да биде притворен по основ „Обид за уривање на уставниот поредок“, „Вршење политичка или воена шпионажа, собирајќи информации кои по самата природа треба да останат тајна, од полето на државната безбедност или внатрешна или надворешна политика“, „Обид да се урне Владата на Република Турција“.