Nuray Tunçay
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - При обид да избега со фалсификувани документи, во провинцијата Аксарај е приведен член на ПКК, по кој е дадена потерница, под сомневање дека е извршител на терористичкиот напад во населбата Јенибосна, Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, екипите за антитерозизам на истанбулската полиција соопштија дека терористот на ПКК, за кој било утврдено дека земал учество во терористичкиот нападот во кој беа ранети 10 лица во населбата Јенибосна, во близина на полициската станица „75. години“ и канцеларии на војската, со цивилно возило го напуштил градот.
Во врска со ова биле информирани полициските станици во 81 провинција во Турција и Националната организација за разузнавање на Турција (МИТ).
Полициските екипи во провинцијата Аксарај сопреле сомнително возило. При идентификацијата на лицата во возилото со фалсификувани документи е пронајден терористот на ПКК по кој била издадена потерница за учество во нападот во Јенибосна. Покрај него, притворени се и двајцата негови сопатници.
По завршување на процедурата, притворени лица ќе бидат испратени во Истанбул.
- Во врска со нападот притворени се 6 лица
Од друга страна екипите за антитерозизам на истанбулската полиција, под сомневање дека се поврзани со терористичкиот напад во населбата Јенибосна, во близина на полициската станица „75. години“ и канцелариите на војската, приведе три лица.
Во моментов заа поврзаност со овој терористички напад приведени се 6 лица, а се изјавува дека оваа борјка ќе се зголеми.