İlkay Guder,Zafer Fatih Beyaz
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Бирол Ердем, советник на Владата на Република Турција, приведен е денеска во Анкара поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од обвинителството во Анкара до кои дојде новинарот на АА, денеска во Анкара се приведени советникот во владата на Република Турција и поранешен советник во министерството за правда на Турција, Бирол Ердем и неговата сопруга Ѓулумсер Ерден поради членство во терористичката организација ФЕТО.
Ердем е притворен утрово за време на претрес во неговиот стан во квартот Етимесгут во Анкара, додека неговата сопруга Ѓулумсер е пронајдена и приведена во станот на нејзината сестра во квартот Јенимахале, во Анкара.
Ердем на 25. октомври 2010 година стана член на Високиот совет на судии и обвинители на Турција, а во периодот помеѓу 2011 и 2014 година ја извршуваше должноста на советник во Министерството за правда.