Diyar Güldoğan
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на 9 октомври ќе oтпатува во еднодневна официјална посета на Украина, соопшти денес прес-службата на претседателот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и неговиот украински колега, Петро Порошенко, ќе претседаваат со 6. Состанок на Високиот Стратешки совет на Турција и Украина, се вели во соопштението.
Двајцата водачи ќе разменат мислења во однос на билатералните односи и регионалните прашања во главниот град Киев, каде што се очекува да бидат потпишани и неколку договори.
За време на посетата, планирано е претседателот Ердоган да оствари средба со претседателот на Парламентот, Андриј Парубиј, и со премиерот Володимир Гројсман.
Тој ќе ги прими и претставниците на турските заедници, со кои ќе разговара за прашањето на Крим.
Источна Украина е зафатена со судири од март 2014 година, по руската анексија на Крим извршена по нелегалното гласање за независност.
Генералното собрание на ОН гласаше за прогласување на руската анексија на Крим за нелегална.
Заедно со многу земји на ОН, САД, ЕУ и Турција, исто така, не го признава Крим како руска територија.
Според ОН, од април 2014 година во борбите во источна Украина меѓу владините сили и руските сепаратисти загинаа повеќе од 10.000 лица.