свет

По потерница на Црна Гора, во Абу Даби приведен поранешен агент на ЦИА

Црногорските истражни органи имаа распишано потерница по Џозеф Асад, поранешен агент на ЦИА, поради сомнеж дека бил дел од криминалната организација која во октомври 2016 година организираше обид за државен удар во Црна Гора.

Adel Omeragic  | 22.09.2018 - Обновена : 23.09.2018
По потерница на Црна Гора, во Абу Даби приведен поранешен агент на ЦИА

Crna Gora

ПОДГОРИЦА (АА) - Поранешен оперативец на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД, Џозеф Асад, приведен е завчера во Абу Даби, во Соединетите Арапски Емирати, по потерницата што е распишана по налог на Специјалното обвинителство на Црна Гора, поради сомневање дека учествувал во обидот за државен удар во Црна Гора во октомври 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Црногорските истражни органи имаа распишано потерница по Џозеф Асад, поранешен агент на ЦИА, поради сомнеж дека бил дел од криминалната организација која во октомври 2016 година организираше обид за државен удар, по што црногорските власти побараа негова екстрадиција.

Во обвинението против 14 лица се тврди дека Асад, во име на Демократскиот фронт (ДФ) побарал помош од американска приватна безбедносна агенција за контраразузнавачки надзор и извлекување луѓе по терористичкиот напад за време на изборите.

Асад упатил барање до САД да го одбијат барањето на Црна Гора за негова екстрадиција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın