свет

Министерот за надворешни работи на Британија ја повика ЕУ да се извлече од амбисот

Двете страни се исклучително оддалечени околу прашањето за слободна трговија и за ирската граница.

Ekip  | 22.09.2018 - Обновена : 23.09.2018
Министерот за надворешни работи на Британија ја повика ЕУ да се извлече од амбисот

London

ЛОНДОН (AA) - Британскиот премиер за надворешни работи, Џереми Хант, ги повика лидерите на Европската Унија да се извлечат од амбисот и да бараат компромис околу Брегзит, пренесува Anadolu Agency (AA).

Хант, денеска за „Би-би-си“ (BBC) рече дека ЕУ би требало да соработува со Велика Британија за да се обиде да пронајде начин премиерката Тереза Меј да ја уверат со „разумни, конкретни предлози“.

Хант говореше по еден ден откако Меј во ретко телевизиско обраќање се пожали дека ЕУ лошо дејствувала, одбивајќи го нејзиниот предложен план за Брегзит, а дека не понудила алтернатива.

Двете страни се исклучително оддалечени околу прашањето за слободна трговија и за ирските граници. Собирот на лидерите на ЕУ во Салцбург не само што не помогна, туку доведе до уште поголеми обвинувања.

Блокадата ги зголеми шансите дека Британија во март ќе ја напушти ЕУ без постигнат договор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın