Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Твитер издаде соопштение во кое се наведува дека е откриен компјутерски вирус кој подолго од една година е во можност, особено директните пораки и сочуваните твитови на корисниците и нивните тајни пораки, да ги испрати кон трети лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој вирус влијае на директните пораки на корисниците на Твитер и на оние кои нудат услуги преку оваа социјална мрежа. Забележано е дека вирусот е активен од почетокот на мај 2017 година, а отстранет е на 10 септември годинава.
Во соопштението се истакнува дека од 335 милиони корисници на Твитер, од ефектите на овој компјутерски вирус биле погодени помалку од 1 отсто корисници.