Muhammet Kurşun
22 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
ТЕХЕРАН (AA) - Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Техеран порача дека американскиот претседател Доналд Трамп го прекршил Договорот, токму како и поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин. Рохани порача дека Трамп го чека судбината на Садам Хусеин, јавува Anadolu Agency (AA).
Рохани говореше на церемнонијата во Техеран, организирана по повод 38 години од почетокот на Ирачко-иранската војна која траеше од 1980 до 1988 година.
Иранскиот претседател рече дека неговата земја е соочена со онаа страна која пред 38 години го поттикнуваше Садам на влез во војна.
Подвлече, исто така, дека САД, откако 12 години вршеле притисок и воведувале санкции на иранскиот народ, потоа седнале на преговарачка маса, а всушност, сѐ што работеле, било само замајување.
Рохани смета дека Договорот за нуклеарната програма е на услуга и од интерес за регионот и за целиот свет.
„Приказната на Садам и тука се повтори, и војната од пред 38 години повторно започна. Но, тогаш тоа беше војна на земја која соработуваше со САД, денес нема таква војна. САД стојат сами наспроти иранскиот народ“, порача Рохани.
Понатаму истакна дека Трамп го прекршил Договорот токму како што тоа го направил и Садам, и дека судбината која го снашла Садам ќе ја снајде и актуелната американска администрација.
Според последните информации, најмалку 24 лица загинаа, а 53 се ранети во терористичкиот напад изведен денес во текот на воената парада во градот Ахваз на југозападот на Иран.