Orhan Çiçek
30 Август 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - По повод турскиот национален празник Денот на победата, во Анталија е организирано интересно соборување рекорд во бројот на лица што се капат во хотелски базен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во присуство на јавен бележник во базенот со површина од 10.000 квадратни метри се капеа 3.000 домашни и странски туристи.
Гостите на туристичкиот центар Белек во подрачјето на Серик, уживаа во целодневната забавна програма по повод турскиот празник.

Директорот на хотелот „Гранада луксури Белек“, Енис Озсинан, истакна дека Денот на победата е многу важен празник во Турција и дека управата на хотелот затоа одлучила да го одбележи со разновидна програма.
„Во базенот се собраа 3.000 наши гости и мислам дека успешно поставивме нов рекорд. Гостите се многу задоволни со програмата“, изјави Озсинан.