Gökhan Ergöçün
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Индустриското производство во Турција се зголеми за 3,4 отсто на месечно ниво и за 10,4 отсто на годишно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Република Турција (ТуркСтат) соопшти дека индексот на репроматеријали на месечно ниво се зголемил за 13,6 отсто, а на годишно за 4,8 отсто.
Индексот на потрошувачки трајни производи со 12,6 отсто го забележа својот втор најголем годишен раст, проследен со индексот на производство со 11,4 отсто.
Индексот на трајни производи за широка потрошувачка, исто така, забележа месечен пад од 4,6 отсто во август, додека само енергетскиот индекс забележа годишен пад од 0,8 отсто.