Турција, економија

ЕУ - најголем пазар за турските индустриски производи во 2017 година

Турските компании од индустрискиот сектор во 2017 година своите производи најмногу ги извезуваа во земјите од Европската Унија (ЕУ), со околу 53,1 отсто од нивниот вкупен реализиран извоз

Muhammed Ali Gürtaş  | 25.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
ЕУ - најголем пазар за турските индустриски производи во 2017 година

Ankara

АНКАРА (АА) - Турските компании од индустрискиот сектор во 2017 година своите производи најмногу ги извезуваа во земјите од Европската Унија (ЕУ), со околу 53,1 отсто од нивниот вкупен реализиран извоз, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот Институт за статистика (TurkStat) денес соопшти дека извозот на компаниите од индустрискиот сектор во 2017 година изнесувал 88,8 милијарди долари, од кои 47,1 милијарда долари во ЕУ, што претставува 56,6 отсто од вкупниот остварен извоз на Турција.

Регионот на Блискиот Исток е втор по големина пазар за извоз на турските индустриски производи, со околу 14,7 милијарди долари, потоа следуваат земјите од Северна Америка, со речиси 6,5 милијарди долари остварен извоз.

Минатата година, вкупниот износ на извозот на Турција изнесуваше 157 милијарди долари, вклучувајќи ја индустријата, трговијата и другите сектори, додека вкупниот остварен извоз на Турција во ЕУ изнесувал 73,9 милијарди долари.

„Од извозот во ЕУ, 63,8 отсто е остварен од индустрискиот сектор, а 34,4 отсто од трговскиот сектор“, велат од „ТуркСтат“.

Оттаму нагласуваат дека првите 100 компании оствариле 46 отсто од вкупниот извоз на земјата во 2017 година.

„Првите пет компании, чија главна дејност е индустријата, имаат удел од 21 отсто во индустрискиот сектор, а компаниите чија главна дејност е трговијата, имаат удел од 14,7 отсто во извозот“, соопштуваат од „ТуркСтат“.

Од Институтот се додава дека 4,5 отсто од компаниите извезувале во 20 или во повеќе земји партнери и оствариле повеќе од половина од 58,3 отсто од извозот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.