Faruk Zorlu
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турската Армија денес го заврши 50. патролирање во северниот сириски град Мунбич, како дел од Договорот со Соединетите Американски Држави (САД) за ослободување на подрачјето од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена на Твитер, турскиот Генералштаб соопшти дека силите на двете земји спровеле одделни координирани патроли во регионот меѓу подрачјето ослободено во турската операција „Штитот на Еуфрат“ и Мунбич.
Првите патроли на турските и американските војници во регионот започнаа на 18 јуни.
Договорот за Мунбич меѓу Турција и САД се фокусира на повлекување од градот на терористичката организација ЈПГ, која е поврзана со ПКК, со цел да се стабилизира регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК одзеде околу 40.000 животи, вклучително и животите на многу жени и деца.
Доколку моделот на Мунбич се докаже успешен, Турција ќе примени сличен модел и во источна Сирија.
Турција соопшти дека присуството на терористите во близина на нејзината граница претставува закана, и започна воени операции за ослободување на регионот од терористите.