Leyla Ataman Koyuncuoğlu
27 Октомври 2018•Ажурирај: 28 Октомври 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Невестата Сукрити Гровер и младоженецот Арџун Арора, кој е син на семејството Арора од индискиот град Делхи, коешто има бизнис во рударскиот сектор, го избраа турскиот град Анталија за место за нивната венчавка, пишува Anadolu Agency (AA).
На свадбата во Анталија која во изминатите денови беше организирана според индиската традиција, присуствуваа 600 гости од Индија и различни земји. Свадбата која траеше 4 дена и 4 ноќи започна со забавата „добредојде“.
Вториот ден наречен „хи чајот“ (hi çayı), продолжи со танцовите на семејствата на младоженецот и невестата. Третиот ден е наменет за ставање кана на рацете. Професионалните уметници, на рацете на жените што учествуваа на свадбата, ставаа кана со различни дезени.

Четвртиот ден наутро беше одржана верска церемонија. На крајбрежниот пат каде што се организираше верската церемонија беше поставен бел тепих. На церемонијата младоженецот пристигна со коњ, а невестата со розов кабриолет. Свадбата на којашто имаше голем број гозби (банкети) и забави со музика и танц заврши со свадбен прием.
- Донесени 80 специјални готвачи од Индија
За свадбата од Индија е донесен еден контејнер зачини, храна и други продукти. Гостите беа послужени со леб подготвен во тандир (tandır- мали подземни печки) и индиски јадења. За свадбата од Индија е донесена специјална кујнска екипа од 80 лица. На екипата ѝ помагаа и турски готвачи.
Покрај специјалната кујнска екипа од Индија пристигнаа и 50 лица за шминка, фризура, фотографија и сценографија. Екипа од 200 лица од Турција беше на работна задача.
За свадбата што се организираше во хотел со 5 звезди во туристичкиот регион Белек беа потрошени 1,5 милиони долари.

Беше соопштено дека гостите од денес ќе го напуштат хотелот.
- Пазар од 40-45 милијарди долари
Бунјат Озпак, партнер на компанијата „Инвентум глобал“, која ги организира индиските свадби, истакна дека побарувачката од Индија за организирање свадби во Турција продолжува со зголемен интензитет.

Тој изјави дека свадбените традиции во Индија се од голема важност, и на свадбите коишто траат 3-4 дена се троши голема сума пари. Озпак наведе дека во Индија во просек годишно се организираат 1 милион свадби, а околу 10.000 од свадбите се организираат во странство.
„Во Индија во просек за една година се трошат 40-45 милијарди долари само за свадби што се организираат во странство. Во овој поглед Турција има сериозен потенцијал. Работиме на зголемување на нашето учество на тој пазар“, рече Озпак.
Според него, до денес во 12 биле организирани 12 големи индиски свадби, а до крајот на годината ќе организираат уште 3 големи свадби.