Hanife Erdinç
22 Август 2019•Ажурирај: 23 Август 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, кај турскиот град Чанаккале, фатени се 135 нерегуларни мигранти во обид на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на Жандермериската команда во крајбрежното подрачје на Ќучуккују фатија 135 нерегуларни мигранти со потекло од Авганистан, меѓу кои и деца и жени.
Овие нерегуларни мигранти се пренесени во Центарот за враќање странци во Ајваџик.
Приведени се и двајца осомничени лица за кои се тврди дека го организирале илегалниот премин на мигрантите.