Behçet Alkan
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
НЕВШЕХИР (АА) – Балонските тури на топол воздух во Кападокија, за коишто има голем интерес од страна на туристите, по три дена пауза, повторно започнаа, јавува Anadolu Agency (AA).
Летовите со балони на топол воздух во Кападокија, денес повторно започнаа, откако беа прекинати на 5. април, поради влијанието на ветерот и дождот во регионот.
Генералниот директорат на цивилното воздухопловство, го измери моменталниот воздух во регионот, по што дозволи да започнат летовите. Утрово од 6 часот и 30 минути на небото над Кападокија се издигнаа балоните со топол воздух, кадешто останаа околу два часа да лебдат.
Претседателот на Кооперативата за развој на туризмот, Мустафа Дурмаз, пренесе дека, со затоплувањето на времето, започна движење во туризмот.
„Во оваа сезона, најчесто во Кападокија доаѓаат туристи од државите од далечниот Исток ,како што се Кина, Кореја, Малезија. Туристите летаат со балонски тури, од кадешто го истражуваат овој неспоредбен пејзаж“, изјави Дурмаз.
Цените на балонските тури се менуваат од 100 до 150 евра по лице, а во регионот работат 25 различни фирми, кои го работат ова.