Deniz Çiçek Palabıyık
18 Август 2018•Ажурирај: 18 Август 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за финансии и трезор, Берат Албајрак, и францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, постигнаа договор заеднички и во соработка да делуваат против постапките на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, Албајрак и Ле Мер во телефонскиот разговор донесоа одлука да делуваат заедно против постапките на САД кон Турција.
Во соопштението на турското Министерство за финансии и трезор се наведува дека двајцата министри разговарале за билатералната економска соработка, како и за санкциите на САД кон Турција.
Албајрак, исто така, изрази благодарност поради изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон и министерот Ле Мер со кои ја поддржаа Турција.
Министрите на Турција и Франција, исто така, постигнаа договор за продолжување на блиската соработка помеѓу двете земји.
Албајрак и Ле Мер одлучија на 27 август да остварат средба во Париз.