Cemil Oksuz
04 Март 2016•Ажурирај: 04 Март 2016
КОНАРКИ (AA) - Претседателот на Гвинеја Алфа Конде по состанокот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган рече дека неговата земја може многу нешта да научи од Турција кога станува збор за економскиот напредок, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот во претседателската палата во Конарки, главниот и најголемиот град во Гвинеја, Конде на конференцијата за новинарите истакна дека Турција во последните години постигна голем економски напредок.
"Турција е земја која се наоѓа и во Европа, но и во Азија. Станува збор за земја од која Гвинеја сигурно може многу да научи", рече Конде.
Нагласи дека е многу важно двете земји во наредниот период да продолжат со добрите односи на многу полиња.
Ердоган изјави дека Турција со Гвинеја сака да соработува како пријателска земја, а не како колонизатори кои, како што рече, во минатото ја искористувале оваа африканска земја.
"Ние сакаме во Гвинеја, позната по придодните богатства, да дојдеме како пријатели, а не како колонизатори кои во таа земја доаѓале во минатото", рече турскиот претседател.
Истакна дека Турција е спремна да ја прошири економската соработка со Гвинеја.
"Корисно би било да ги развиеме односите со Гвинеја за да нашите градежни компании во оваа земја работат на инфраструктурни проекти. Тоа им го пренесовме", рече Ердоган.
Во текот на состанокот на претставниците на двете земји потпишани се значајни спогодби за билатерална соработка помеѓу Турција и Гвинеја.