Burcu Arik
04 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Четворица осомничени членови на терористичката група ДХКП-Ц, беа уапсени во раните утрински часови во Истанбул, соопштија од турската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Антитерористичката единица на полицијата во Истанбул спроведе рација по информацијата дека еден од лидерите на организацијата се подготвува за голем напад во градот. Најмалку четири лица, вклучувајќи и го оперативецот идентификуван како Хусеин К., беа уапсени за време на операцијата.
За време на акцијата безбедносните сили запленија четири пушки, повеќе од 1.000 куршуми и некои документи на организацијата.
"Во четвртокот, двајца турски полицајци беа повредени во вооружени и бомбашки напад во градската општина Бајрампаша. Двете жени кои го извршиле нападот, нешто подоцна се неутрализирани во полициска акција ", рече Васип Сахин, градоначалникот на Истанбул.
Терористичка група ДХКП-Ц изврши серија напади во Турција, вклучувајќи го и нападот на Амбасадата на САД во Анкара и Генералниот конзулат на САД во Истанбул.