Cemil Oksuz,Ilkay Guder
03 Март 2016•Ажурирај: 04 Март 2016
КОНАКРИ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамките на турнејата низ земјите од Западна Африка пристигна во Гвинеја, јавува Агенција Анадолу (AA).
Претседателот Ердоган на аеродромот "Конакри" беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот на Гвинеја, Алфа Конде и амбасадорот на Турција во Конакри, Нур Сагман како и од други функционери.
Ердоган пристигна во Република Гвинеја, придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана, Исмет Јилмаз, министерката за животна средина и просторно планирање, Фатма Гулдемет Сари, министерот за економија, Мустафа Елиташ како и портпаролот и заменикот-генерален секретар на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин.