Diyar Güldoğan
20 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
ЏАБРАИЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека уништувањето на регионот Карабах за време на ерменската окупација треба да се изведе пред Меѓународниот суд на правдата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сега гледам десно и лево. Што му направија на Џабраил за време на окупацијата? Го прашав Алиев, дојде ли ОБСЕ или ЕУ во оваа земја? Тој рече: „Не. Не дојдоа“. Зошто не дојдоа, бидејќи ќе го видат нивниот срам, ќе видат што му направи Западот овде на Џабраил и на цел Карабах, давајќи поддршка за време на процесот на окупацијата“, рече Ердоган.
„Неопходно е да се бара отштета изведувајќи ги пред Меѓународниот суд на правдата. Неопходно е да се притеснуваат в ќоше со барање за обештетување“, нагласи турскиот претседател за време на заедничката прес-конференција со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев во Џабраил.
Прес-конференцијата беше одржана откако двајцата лидери заеднички го отворија меѓународниот аеродром во Зангилан, вториот аеродром во Азербејџан на териториите што беа ослободени од Ерменија за време на војната во Карабах во 2020 година.
Ердоган истакна дека Туркије е подготвена да стои покрај Азербејџан во сите области, особено во земјоделството, зелената енергија и паметните градови, како дел од Акциониот план за Карабах.
Односите меѓу Азербејџан и Ерменија се тензични од 1991 година, кога ерменската армија го окупира Нагорно Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан.
Баку ослободи неколку градови, села и населби од ерменска окупација во текот на 44-дневните борби есента 2020 година, кои завршија со прекин на огнот со посредство на Москва. Мировниот договор во Азербејџан се слави како триумф.