Sibel Kurtoğlu
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во првото обраќање откако денеска во неговата земја се одржаа локалните избори, порача дека Партијата за правда и развој (AK Parti) е победник на денешните избори, но дека уште многу пот е потребна за турскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Турција денеска се одржаа локални избори, врз основа на кои ќе бидат доделени мандати на претставниците на локалните власти за наредните пет години.
Ердоган во Истанбул, во своето прво обраќање по затворањето на гласачките места низ цела Турција, изјави дека локалните избори поминале на демократски начин и дека турскиот народ уште еднаш покажал голема волја на изборите.
„Врз основа на коалициите, ние, во коалиција со Партијата на националното движење (MHP), сме први на локалните избори. Уште еднаш се поразени оние кои се обидоа да го скараат нашиот народ и на колена да ја фрлат нашата држава“, изјави Ердоган.
Тој најави важна програма на реформите по денешните локални избори и додаде дека наредните избори во Турција ќе бидат одржани во јуни 2023 година.
„Ќе ја продолжиме борбата против тероризмот и ќе работиме на тоа нашата земја и регион да ги направиме оаза на мир“, порача Ердоган, и додаде: „Уште многу пат има пред нас, за овој народ е потребно уште многу пот.“
Турскиот претседател најави дека вечерва во Анкара ќе го одржи традициналниот говор од балконот од седиштето на Партијата на правдата и развојот (AK Parti), каде што ќе ги коментира резултатите од денеска одржаните локални избори.