Aylin Sırıklı,Barış Kılıç,Ferdi Türkten
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
АНКАРА (AA) - Врховен изборен совет на Турција (ЈСК) од 19.15 часот ја укина забраната за објавување на резултати од изборите, јавува Anadolu Agency (AA).
ЈСК, соопшти дека врз основа на овластувањата дадени со Уставот и изборните закони, донесе одлука за да ја укине забраната за објавување на резултатите од 19.15 часот. Претходно забраната предвидуваше резултатите од локалните избори да не се емитуваат до 21:00 часот.
Резултатите од локалните избори во Турција можат да се следат директно на веб-страната на АА на македонски јазик.
- http://secim.aa.com.tr/#mk
