ИСТАНБУЛ (АА) - Здружението на турските индустријалци и бизнисмени ТУСИАД соопшти дека периодот без избори кој претстои, претставува значајна можност за неговата агенда за економски, социјални и политички реформи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Резултатите на локалните избори нека бидат за добробитта на нашата земја. Упатуваме честитки на градоначалниците кои ќе дојдат на функција и посакуваме успешен период на работа, со фокус во целите за квалитетен живот, паметни урбанистички технологии и одржлив развој“, се вели во соопштението на ТУСИАД.
Се наведува дека со завршувањето на локалните избори, периодот без избори кој претстои, претставува значајна можност за агендата за економски, социјални и политички реформи.
„Во овие рамки, во насока на Новата економска програма, соопштена на 20 септември 2018 година од страна на нашата Влада, приоритет за безбедната економска средина ќе бидат рестриктивните монетарни и буџетски политики. Во исто време, посакуваме брз напредок во структурните реформи во сите основни области, пред сѐ во инвестициската средина, образованието, дигиталната трансформација и внатрешниот пазар. Нашата приоритетна цел во новиот реформски период треба да биде производство на постојани решенија за нашите економски проблеми“, се истакнува во ова соопштение.
Според ова соопштение, „Исклучително ефективен ќе биде еден сеопфатен економски пристап кој ќе ја зајакнува независноста и транспарентноста на регулаторните тела, кој вклучува структурни реформи за зголемување на нашата конкурентна сила во светот, и кој ќе ја реши економската кршливост, без да направи компромис за принципите на слободниот пазар.“
„Имаме потполна доверба дека Турција, интегрирајќи се со европската економија, во исто време како центар на Евроазија, отворена за целиот свет, ќе биде една земја во раст во 21 век“, се наведува во соопштението на ТУСИАД.