Aynur Ekiz
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, во врска со судската одлука за американскиот свештеник Брансон, порача дека, како што претходно нагласувал, турското правосудство донело независна одлука, јавува javlja Anadolu Agency (AA).
Судот во Турција вчера го осуди свештеникот Ендрју Крег Брансон на три години и 1,5 месец затвор, а тој беше обвинет за поддршка на терористички организации.
Со оглед дека е земено в предвид времето поминато во притвор, Брансон вчера е пуштен на слобода.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се заблагодари на турскиот претседател Ердоган за сета помош која ја укажал во овој процес, а по оваа порака се огласи и Ердоган.
„Како што секогаш нагласував, турското правосудство донесе независна одлука", порача Ердоган во пораката преку социјалната мрежа Твитер и додаде:
„Се надевам на продолжување на соработка каква што доликува на две земји сојузници и дека Турција и САД заеднички ќе водат борба против сите терористички организации, првенствено против ПКК, ДЕАШ и ФЕТО."
Судот во Турција го осуди американскиот свештеник Ендрју Брансон на 3 години, 1,5 месец и 15 дена затвор, но истовремено му се укинати мерките за забрана, домашниот притвор и напуштањето на земјата, со што Брансон излегува на слобода. Истиот ден отпатува за Германија.
Ендрју Крег Брансон е уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор.
Обвинет е за активности и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО.
На барање на Oбвинителството, Судот во Измир на 18 јули на американскиот свештеник му изрече мерка притвор за време на судската постапка, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преиначена во домашен притвор.
Во обвинението што го подигна Обвинителството во Измир се наведува дека тој бил во контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО.