Beyza Binnur Dönmez
12 Ноември 2022•Ажурирај: 13 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Туркије воспоставува енергетска база на дното на Црното Море, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и додаде дека гасот најверојатно ќе биде достапен за користење следната година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видеолинк се обрати на церемонијата за снабдување со гас на четири области во црноморската област Кастамону - Бозкурт, Абана, Џиде и Инеболу.
За природниот гас од Црното Море, турскиот претседател рече дека е завршено дупчењето на девет од 10 бунари што ја сочинуваат првата фаза од гасното поле Сакарија.
„Ги забрзавме работите што ќе го поврзат природниот гас од Црното Море... со системот на нашата земја“, рече Ердоган и додаде: „Со вклучувањето на домашниот гас во процесот, Туркије станува земја ... каде што се формира референтната цена во рамките на регионот.“