Ferdi Türkten
12 Ноември 2022•Ажурирај: 13 Ноември 2022
АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) изведе успешна операција и го фати и го донесе во Туркије членот на терористичката организација ФЕТО, Угур Демирок, по кој претходно беше распишана потерница под обвинение за основање и водење на вооружена терористичка организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, Демирок, кој делувал во структурите инфилтрирани во безбедносните сили, побегнал во странство по обидот за пуч на терористичката организација ФЕТО во Туркије на 15 јули 2016 година.
Демирок претходно делувал и во терористичките структури на ФЕТО инфилтрирани во Турските вооружени сили, а турските истражни органи утврдија дека тој користел БајЛок (ByLock), криптирана програма за комуникација користена од терористичката мрежа на ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, чие испорачување Република Туркије официјално го побара од САД.
Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење на испитите, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, првин во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО во правосудството на Туркије се обидоа со монтиран судски процес за наводна корупција да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид за пуч на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч изведен од офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Република Туркије, туку и за секоја земја во којашто е активна.