Турција

Ердоган: Туркије најостро го осудува терористичкиот напад во Москва

- „Како земја која многу добро го познава крвавото и предавничко лице на тероризмот, Турција ја споделува болката со рускиот народ“, изјави претседателотна Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

Gözde Bayar, Seda Sevencan  | 23.03.2024 - Обновена : 24.03.2024
Ердоган: Туркије најостро го осудува терористичкиот напад во Москва

АНКАРА (АА) - Туркије најостро го осуди терористичкиот напад во концертната сала во Москва, во кој загинаа најмалку 137 лица, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Изразуваме сочувство до руската влада за терористичкиот напад во концертната сала во Москва и најостро го ооудуваме нападот“, рече Ердоган на состанокот во Анкара, главниот град на Туркије.

Тероризмот е неприфатлив без разлика од каде доаѓа или кој е сторителот, додаде турскиот претседател.

„Како земја која многу добро го познава крвавото и предавничко лице на тероризмот, Туркије ја споделува болката со рускиот народ“, рече Ердоган.

Терористичкиот напад го извршија вооружени напаѓачи вечерта на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, главниот град на Русија.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како напаѓачите пукаат по случаен избор со автоматско оружје кон луѓето во салата.

Подоцна на настанала и експлозија која предизвикала голем пожар. Министерството за вонредни состојби информираше дека околу третина од зградата била зафатена од пожарот, а неколку хеликоптери работеле на негово гасење.

Откажани се сите јавни настани во Москва за време на викендот, а формирана е и работна група задолжена за терористички напад.

Кремљ објави дека директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворицата терористи кои директно учествувале во терористичкиот напад во Москва.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın