Sibel Kurtoğlu
29 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп го повторил предлогот да се формира заедничка работна група за одбранбениот систем С-400, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Трамп разговараа телефонски, а во таа пригода највеќе се разговарало за најважните билатерални и регионални прашања.
„Претседателот на Турција во разговор со Трамп повторно го изнел предлогот да се формира заедничка работна група за одбранбениот систем С-400 за кој постои план да се набавува од Руската Федерација", рече Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникациите при Кабинетот на претседателот.
Во текот на разговорот исто така искажано е задоволство поради отстранување на додатните тарифи на САД за секторот челик и нагласено е дека таквата одлука ќе придонесе двете земји да ја достигнат целта на трговската размена од 75 милијарди долари.
Двајцата претседатели се договориле да се состанат на маргините на самитот Г20 кој ќе се одржи во Јапонија.