Murat Paksoy
29 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по повод 566-годишнината од освојувањето на Истанбул, некогашен Константинопол, истакна дека тогаш завршила една епоха, а започнала друга, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нека е среќна 566. годишнина од освојувањето на Истанбул, коешто го промени текот на светската историја, заврши една, а започна друга епоха“, напиша Ердоган на Твитер.
На денешен ден во 1453 година, Османлиската војска на чело со султанот Мехмед II Освојувачот го зазеде Константинопол, престолнината на моќното Византиско Царство, односно Источното Римско Царство, чиј последен цар беше Константин XI. Од тој ден, градот на Босфорот, кој лежи на два континенти, стана престолнина на Османлиското Царство.