Турција

Ердоган телефонски разговараше со Путин

Претседателот Ердоган истакнал дека кршењето на договорот за прекин на огнот и нападите од страна на режимот довеле до голема хуманитарна криза во Идлиб, а исто така лошо влијаеле на напорите за решение на кризата во Сирија

Zafer Fatih Beyaz, Aynur Ekiz  | 23.08.2019 - Обновена : 23.08.2019
Ердоган телефонски разговараше со Путин

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговорараше со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Anadolu Agency (AA).

Одделот за комуникации при турското Претседателство соопшти дека се разговарало за билатералните односи помеѓу двете земји и за развојот на настаните во Сирија и Либија.

За време на телефонскиот разговор, претседателот Ердоган истакнал дека кршењето на договорот за прекин на огнот и нападите од страна на режимот довеле до голема хуманитарна криза во Идлиб, а исто така лошо влијаеле на напорите за решение на кризата во Сирија.

Ердоган, исто така, укажал дека нападите на режимот се многу сериозна закана во однос на националната безбедност на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.