Zafer Fatih Beyaz
23 Август 2019•Ажурирај: 24 Август 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател и претседател на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) Реџеп Таип Ердоган изјави дека АК Партија во текот на своето владеење остварила бројни успеси во многу области, градејќи ширум земјат, меѓу другото, автопатишта и аеродроми, јавува Anadolu Agency (AA).
„Освен тоа, во текот на овие 18 години постоење на нашата партија и во текот на 17 години власт, секој пат не само што ја работевме својата работа и градевме, туку и истовремено мораше да се бориме и против различни сили", рече Ердоган во обраќањето на свечената церемонија одржана по повод 18 годишнината од основањето на АК Партија.
Нагласи дека Турција денес е многу посилна земја со која не може лесно да се поигрува.
„Откако Турција го достина ова ниво во областа на демократијата, економијата, дипломатијата, безбедноста и самодоверба, со оваа земја денес е многу потешко и поскапо да се поигрува и да се поставуваат замки во однос на претходно.Некогаш Турција можеа да ја потресат со манипулација од 5 милијарди долари. Сепак, денес гледаат дека во тоа не можар да успеат дури и ако вложат 10-20 пати поголеми напори", рече Ердоган.
Истакна дека неговата земја значително ја зголемила политичката и економската моќ и дека како што рече, влегла во првата лига во светот, напоменувајќи дека е најважно да се задржи таа позиција на глобално ниво.
Нагласи дека Турција во претходните години водела жестока борба во терористичките организации како што се ФЕТО, ДЕАШ и ПКК/ЈПГ, нагласувајќи дека земјата, и покрај сите пречки и напади решително продолжила да чекори кон зацртаните цели.
Додаде исто така дека Турција го уништила западниот крак на терористичкиот коридор кој се обидува да се изгради долж нејзината граница.
„Во потполност го уништивме западниот крак од терористичкиот коридор кој се обидува да се изгради долж нашите граници. Кога, по преговорите кои траат, го уништиме и источниот крак од овој коридор, тогаш ќе откриеме една голема игра", рече Ердоган.