Турција

Ердоган: „Со усогласување на минималните плати ќе ги растовариме граѓаните со ниски примања“

- Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека за не толку долго време сите движења на цените и курсот ќе влезат во разумна и стабилна линија

Mümin Altaş  | 04.12.2021 - Обновена : 05.12.2021
Ердоган: „Со усогласување на минималните плати ќе ги растовариме граѓаните со ниски примања“ Фото: Емин Сансар / Агенција Анадолија

СИРТ 

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека минималните плати во Турција ќе бидат усогласени така што ќе бидат надоместени загубите, со што ќе бидат растоварени граѓаните со ниски приходи, известува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган престојуваше во југоисточниот турски град Сирт, каде што на Плоштадот на демократијата „15 Јули“ свечено отвори повеќе завршени инфраструктурни проекти, меѓу кои и мостот „Зарова“, браната и хидроцентралата „Сирван“, како и погонот за производство на метален цинк.

„Младите можеби не знаат, но да се вратиме 20 години наназад. Дали тука постоеше аеродром, дали тука воопшто имаше патна инфраструктура, дали имавме универзитети“, запраша Ердоган, напоменувајќи дека денеска Сирт го има сето тоа.

Зборувајќи за фабриката за производство на метален цинк, Ердоган рече дека тоа е најголема индустриска инвестиција во овој град.

„Ќе стартуваме со 50.000 тони годишно производство, а со дополнителни вложувања, ќе се зголеми на 120.000, за потоа капацитетот да се зголеми на 250.000 тони“, изјави Ердоган.

Зборувајќи за економската ситуација, Ердоган рече дека резервите на Централната банка на Турција изнесувале 27,5 милијарди, а денес пораснале на 126 милијарди долари.

„Ќе ги растовариме граѓаните со ниски примања така што ќе ја усогласиме минималната плата и ќе ја поставиме на ниво што ќе ги надомести загубите“, порача Ердоган.

Претседателот на Турција истакна дека секогаш ќе биде покрај производителите и работодавачите.

„Секогаш ќе бидеме на страната на производителите и работодавачите. Ќе бидеме покрај вас со ниски камати“, повтори Ердоган и додаде:

„За не толку долго време, ако даде Господ, сите тие движења на цените и курсот ќе ги ставиме во разумна и стабилна линија.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın