Турција

Турските безбедносни сили неутрализираа 4 терористи во операции во северен Ирак и Сирија

Турското Министерство соопшти дека двајца припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во регионот на операцијата „Канџа-гром“ во северен Ирак

Barış Gündoğan  | 03.12.2021 - Обновена : 04.12.2021
Турските безбедносни сили неутрализираа 4 терористи во операции во северен Ирак и Сирија

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека Турските вооружени сили во операции во северен Ирак и Сирија неутрализирале 4 терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството се наведува дека двајца припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во регионот на операцијата „Канџа-гром“ во северен Ирак.

Додека како резултат на воздушната операција и координираната работа на Турските вооружени сили и Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) неутрализиран е терорист на ПКК во регионот на Зап, во операција со вооружени беспилотни летала.

Меѓу другото, во соопштението се истакнува дека командосите неутрализирале и еден терорист на ПКК/ЈПГ кој се подготвувал за напад во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија.

Од 2016 година, Турција започна неколку успешни антитерористички операции преку границата со Сирија, со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи безбедна средина за враќање на раселените лица.

Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019 година).

Во над 35-годишната терористичка кампања против Турција, терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.