Турција

Турското кафе се консумира во 144 земји

- Саудиска Арабија, Турската Република Северен Кипар и Холандија се главните пет дестинации за извоз

Zeynep Çetinkaya  | 05.12.2021 - Обновена : 09.12.2021
Турското кафе се консумира во 144 земји

АНКАРА 

Турција извезува кафе во 144 држави, вклучително и во Соединетите Американски Држави (САД), Белорусија, Холандија и Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Извозот на нацијата изнесува 65,5 милиони долари во последните пет години, додека годишниот извоз на кафе се зголеми повеќе од двојно во 2021 година споредбено со 2016 година.

Извозот на кафе од Турција во 2016 година изнесуваше вкупно 9,2 милиони долари, во 2017 година 10,7 милиони долари, во 2018 година 12,1 милион долари, во 2019 година 13,3 милиони долари и во 2020 година 20,2 милиони долари.

Извозот на кафе во првите десет месеци од 2021 година изнесува 18,7 милиони долари.

Главните пет дестинации за извоз беа Саудиска Арабија, Турската Република Северен Кипар, Холандија, САД и Ирак од 2016-2019 година. САД ја заменија Русија во 2020 година.

Увозот на кафе изнесувал 891,25 милиони долари во периодот од 2016 до 2020, 130,5 милиони долари во 2016 година, 191,8 милиони долари во 2017 година, 186,6 милиони долари во 2018 година, 194,7 милиони долари во 2019 година и 187,6 милиони долари во 2020 година.

Увозот во првите 10 месеци од 2021 година достигна 165,3 милиони долари.

Најдобрите продавачи на кафе во Турција беа Бразил, Холандија, Италија, Швајцарија и Германија од 2016 до 2018 година.

Швајцарија ја замени Колумбија во 2019 и 2020 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın