Andaç Hongur
08 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати пригодна честитка по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во честитката објавена на социјалните мрежи порача дека жените се надежта на човештвото.
„Го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената, на сите жени кои со својата љубов, залагање и одрекување претставуваат надеж за човештвото. Ќе продолжиме со голема решителност и внимание со нашата борба со цел создавање на опкружување во кое нашите жени нема да бидат изложени на насилство“, наведе Ердоган.