Tuba Şahin
08 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
АНКАРА (АА) - Кинескиот произведувач на паметни телефони „Опо“ (Oppo) започна со пробно производство во фабрика во Турција, изјави денес турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се очекува околу 1.000 лица да бидат вработени во фабриката кога ќе започне производството во полн капацитет“, изјави Варанк.
Тој истакна дека изградбата на објектот, кој има затворена површина од 12.000 квадратни метри, започнала минатиот ноември.
„За речиси три месеци ќе бидат инсталирани производствената линија 'Surface Mount Technolog' и сите системи“, рече тој.
„Опо со ознаката 'Made in Turkey' ќе се најде на полиците многу наскоро“, изјави Варанк.
Тој истакна дека слични вложувања на глобалните компании, посебно оние што се занимаваат со производство на средно-висока и висока технологија, сè повеќе ќе бидат застапени во Турција во наредниот период.