Mustafa Hatipoğlu
09 Ноември 2023•Ажурирај: 09 Ноември 2023
ТАШКЕНТ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за хуманитарната криза што е резултат на израелските напади врз Појасот Газа, како и за низа билатерални и регионални теми, јавува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије соопшти дека Ердоган и Раиси се состанале на маргините на 16. Самит на лидерите на земјите од Организацијата за економска соработка во Ташкент, главниот град на Узбекистан.
„За време на состанокот разговарано е за хуманитарната криза што настана како резултат на израелските напади врз Газа и за чекорите што треба да се преземат за решение, како и за билатералните односи меѓу Туркије и Иран и за регионалните прашања. Претседателот Ердоган рече дека ставањето крај на израелските напади оди во прилог за мир во регионот и во светот. Тој рече и дека Организацијата за исламска соработка треба да вложи напори за да се постигне праведно решение на претстојниот вонреден самит. Истакнувајќи дека Туркије е подготвена да го реши тоа прашање со преземање одговорност како држава гарант, претседателот Ердоган рече дека исламскиот свет треба да заземе заеднички став и да го зголеми притисокот врз Израел“, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации.