Büşra Selvi Öğütcen,Emel Öz Gözellik
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган е првиот неафрикански лидер во светот по бројот на посетите на земјите од африканскиот континент, а во последните 10 години оствари 39 посети во 23 земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот и заменикот на генералниот секретар на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин во својата статија за турскиот весник Дејли Сабах на англиски јазик, насловена „Турската вин-вин политика во Африка" , во која се осврна на овонеделната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во африканските земји Танзанија, Мозамбик и Мадагаскар.

Истакна дека посетата на Ердоган во овие земји има за цел јакнење и продлабочување на актуелните односи со комплетниот африкански континент.
Потсти дека Ердоган во последните десет години, како премиер и претседател на Турција, оствари 39 посети во 23 африкански земји, што е најголем број на посети во африканските земји меѓу неафриканските лидери.
„Овие посети се рефлексија на нашата стратешка визија за јакнење на билатералните односи со африканските земји. Во таа смисла, 2004. година имаве само 12 амбасадори на африканскиот континент, додека денеска имаме 39. Само во периодот помеѓи 2012. и 2013. година Турција низ различни хуманитарни програми на Африка и овозможи 800 милиони долари. Турската агенција за соработка и координација ТИКА има 16 претставништва во Африка и моментално спроведува стотици проекти во различни области. Тука се и десетици турски невладини организации кои им се на услуга на жителите на африканските земји", порача Калин.
Додаде дека ваквиот став на Турција многу добро го прифатиле и африканските земји и Африканската унија 2008 година Турција ја прогласила за стратешки партнер, а потоа е организиран и Турско-африкански самит.
Осврнувајќи се и на трговската размена помеѓу Турција и земјите од африканскиот континент Калин рече дека трговската размена пред 10 години изнесувала нешто помалку од три милијарди долари, додека денес преминува 25 милијарди долари.
„Туркиш Еирлајнс започна да лета во преку 30 африкански земји на 40 аеродроми и така зад себе ги остави сите други авиокомпании. Турција има свои дипломатски претставништва во повеќе од 30 земји, секоја година преку 5.000 африкански студенти добиваат стипендија за образование во Турција. Сите овие статистики покажуваат дека односите на Турција и Африка се во тренд на јакнење", смета Калин.
Нагласи дека Турција во Африка спроведува „вин-вин" политика, односно дека неговата земја наместо колонијални цели, спроведува цели на политичка еднаквост и меѓусебен економски напредок. Калин истакна дека Турција настојува за „африкански проблем да најде африкански решенија."
„Токму тоа е она што го правевме од 2011 година во борба на сомалиската влада против сушата, сиромаштијата и тероризмот. Со поддршка на јавниот и приватниот сектор остваривме помош и инвестиции од милијарда долари во Сомалија. Иако Сомалија има бројни пречки кога е во прашање напредокот во безбедносен и економски развој, состојбата во оваа земја денеска е многу подобра отколку што беше претходно", истакна Калин.
Нагласи дека Турција од африканските земји бара да го запре делувањето на организациите поврзани со терористичката организација ФЕТО и додаде дека оваа мрежа го користела престижот и можносните на Турција и така делувала и ги остварувала своите цели во овие земји.
Некои африкански земји, како што истакнува Калин, по обидот за пуч во Турција веќе разоткрија за каква предавничка структура се работи и ги направија првите чекори.
Додаде дека и жителите на африканскиот континент почнуваат да сфаќаат колку што ФЕТО е закана за Турција, исто толку е закана и за нивните земји.