Barış Gündoğan
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, по состанокот со британската премиерка Тереза Меј рече дека прашањата на Сирија и Ирак се многу важни за Турција и Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денеска ја прими британската премиерка Тереза Меј, која утрово допатува во Анкара, по посетата на САД. Ердоган изрази задоволство по повод состанокот со Меј.
Како што рече во текот на состанокот станало збор за соработка во различни области.
„Прашањата на Сирија и Ирак се од голема важност за Турција и Велика Британија. Сакаме соработката на Турција и коалициските сили во наредниот период да ја продолжиме во еден потполно друг концепт. Разговаравме и за тие теми", рече Ердоган по состанокот.
По состанокот со Ердоган, британската премиерка во палатата Чанкаја свечано ја дочека и премиерот Бинали Јилдирим. Премиерите на двете земји ќе одржат заедничка прес-конференција.
Меј, по доаѓањето во главниот град Анкара, најрпрвин го посети Антикабир, маузолејот на основачот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, каде положи венец.