Zafer Çakmak
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Проблемот на бегалците не е можно да се реши со подигнување на sидови, порача денеска во Анкара премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, по состанокот со британската премиерка Тереза Меј, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денеска со највисоки почести во палатата Чанкарја во Анкара ја дочека британската премиерка Меј.
По средбата, тие одржаа заедничка прес-конференција. Турскиот премиер се осврна на соработката на двете земји на полето на безбедноста.
„Земјаќи во предвид дека тероризмот е една од најголемите закани на денешнината, правите за цивилно воздухопловство ќе соработуваат во областа на безбедноста на аеродромите, проверката дали некои патници имаат врска со тероризмот и преземање мерки поради евентуални терористички напади. Во текот на 2017. година ќе бидат извршени бројни заеднички вежби", рече Јилдирим.
Нагласи дека во текот на разговорот со Меј разговарале и за прашањето на Кипар, и истакна:
„Решението мора да ги задоволи двете општества, мора да биде праведно и долгорочно. Такво решение пред се ќе биде на задоволство на Турција и Велика Британија како земји гарантери на овој процес."
Во врска со излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), Јилдирим рече дека е договорено во наредниот период да се работи на тоа, односите на Турција и Велика Британија да се развиваат независно од ЕУ.
„Работата околу тоа ќе се одвива паралелно со процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ. По конечното излегување на Велика Британија, ресорните министерства ќе работат на потпишување на договори за слободна трговија помеѓу двете земји", рече Јилдирим.
Во врска со одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за изградба на sид долж границата со Мексико, Јилдирим рече дека проблемот со бегалците не може да се реши со подигнување на sисови.
„Вие можете да подигнете sид но тоа нема да биде решение. Тие sидови повторно ќе се урнат. Берлинскиот sид траеше со години, а еден ден е срамнет со земјата. Зошто? Бидејќи е невозможно да се стои пред промената. Промената треба да се фати. Регионалните прашања нема да ги решиме така што ќе ги ставаме под тепих. Мораме да се фокусираме на тие проблеми и да ги решиме уште додека се мали", порача Јилдирим.
Додаде дека во текот на состанокот станало збор и за терористичката организација ФЕТО.
„Терористичката организација на чело со Фетула Ѓулен, која е главниот актер на обидот за пуч на 15 јули, како и во сите делови на светот делува и во Велика Британија. Во текот на состанокот имав прилика да и ги пренесам на премиерката информациите во врска со тоа. На ценетата премиерка и упативме барање против оваа злосторничка организација да се преземе се што е можно во правната рамка", рече премиерот на Турција Бинали Јилдирим.