Mümin Altaş
19 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
ЛЕФКОСА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека постоењето и единството на Турската Република Северен Кипар се над сите политички мотиви, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по повод одбележувањето на 47-годишнината од мировната операција на Турција на Кипар, и имаше свое обраќање во Парламентот на ТРСК.
Тој истакна дека кипарското прашање е големо прашање и дека тоа прашање, со својата историја, совест, борба и херојски еп испишани во 1974 година, претставува големо национално прашање.
„Уште еднаш до целиот свет, допаѓало им се тоа или не, го потврдуваме нашето вечно братство меѓу Турција и Северен Кипар, кое ја црпи својата сила од крвта на нашите шехиди,“ додаде Ердоган.
Тој порача дека оние кои мислеле дека ќе можат да ги уништат кипарските Турци потпирајќи се на некои сили се соочени со челична сила и волјата на кипарските Турци.
„Постоењето и единството на Турската Република Северен Кипар се над сите политички мотиви“, нагласи турскиот претседател.
Во своето обраќање Ердоган посочи дека праведно, трајно и одржливо решение [на Кипар] е можно само со пристап заснован на реалноста на островот.
Тој изјави дека историјата и искуствата што се стекнати во изминатиот период јасно покажале дека грчката страна нема намера да воспостави партнерска држава.
„Грците, кои со помош на терористите на ЕОКА не се двоумат да им наштетат на честа и имотот на своите соседи Турци никогаш не ги гледале кипарските Турци како рамноправни партнери“, истакна Ердоган.