Jeyhun Aliyev,Gözde Bayar
20 Јули 2021•Ажурирај: 21 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турција нема дополнителни 50 години за губење во однос на прашањето за Кипар, порача денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи дека предлозите за мирно решение на тоа прашање сè уште се на маса, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Новиот преговарачки процес за Кипар може да се одвива само помеѓу двете држави“, рече Ердоган за време на посетата на Турската Република Северен Кипар, на церемонијата по повод 47-годишнината од Мировната мисија на Кипар.
Порача дека грчката страна е упорна во максималистичкиот, нереален, неискрен и разгален пристап кон кипарското прашање.
Турскиот претседател потсети дека Европската Унија требало да обезбеди финансиска помош за Северен Кипар, но дека тоа не го сторила.
Осврнувајќи се на грчко-кипарската администрација, Ердоган рече: „Можеме да видиме дека сè уште има такви кои копнеат за масакрите пред 1974 година. Тие не се искрени.“
„Ние сме во право и затоа ќе ги браниме до крај своите права“, нагласи Ердоган.
Како што истакна, никој не смее да очекува од кипарските Турци да се одречат од својот еднаков статус и суверенитет и да прифатат да живеат како малцинство според волјата на кипарските Грци.
„Пред сè, треба да се потврди суверената еднаквост и еднаквиот статус на кипарските Турци. Ова е клучот на решението“, посочи турскиот претседател.
Во градот Мараш, кој е делумно отворен за јавноста во 2020 година по 47 години, Ердоган изјави дека отворањето ќе се спроведе со најголемо внимание за имотните права.