Gözde Bayar
20 Јули 2021•Ажурирај: 21 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа вкупно 39 терористи во северна Сирија во последните пет дена, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во последните пет дена, херојските Турски вооружени сили, кои одлучно ја продолжуваат својата борба против тероризмот во земјата и преку границите, неутрализираа вкупно 39 терористи кои подготвуваа напади во северна Сирија“, соопшти Министерството на Твитер.
„Нашата борба против терористите ќе продолжи со упорност и одлучност“, се додава од Министерството.
Иако не беше прецизирано на која терористичка организација ѝ припаѓаат, во тој регион активна е терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.