Ali Kemal Akan
09 Јуни 2018•Ажурирај: 09 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со јорданскиот крал Абдула II, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, Ердоган и кралот Абдула разговарале околу билатералните односи и регионални теми.
Ердоган рекол дека единството и економскиот просперитет на Јордан се важни за Турција, и посакал успех на Омер ер Резаз, на кого кралот Абдула му го врачи мандатот за формирање влада во Јемен.
Ердоган и кралот Абдула се осврнаа и на заедничките напори кои имаат за цел заштита на статусот на Кудс.
За време на разговорот била потврдена и одлучноста за уште поголемо зајакнување на билатералните односи меѓу Турција и Јордан.