Havva Kara Aydın
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Одлуката на Турција во однос на статусот на Аја Софија е поради правата и желбите на турската нација, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние ја донесовме оваа одлука не гледајќи во тоа кој што рекол, туку поради нашите права и поради она што го сака нашата нација“, рече Ердоган во видео обраќањето по повод отворањето на највисокиот мост во земјата, мостот Бегендик, во југоисточната област Сирт.
Ердоган рече дека оние кои немаат направено ништо „за да го спречат непријателството кон исламот во нивните земји“ ја напаѓаат „волјата на Турција да ги реализира своите суверени права“.
Тој, исто така, го поздрави успехот на Турција во борбата против терористичките организации и други зли елементи.
„Влеговме во период во кој се бавиме со кукларите, а не со куклите. Нема да успеат ниту терористичките организации, ниту непродуктивните агенди, ни други стапици“, порача Ердоган.
„Ние не само што ги поразивме терористичките организации, кои се обидуваа да ги опкружат нашите граници, туку исто така создадовме многу длабока линија на безбедност на копно и на море“, рече Ердоган по повод отворањето на највисокиот мост.
Мостот Бегендик, кој е долг 450 метри и висок 165 метри, минува над реката Ботан и ги поврзува турските региони Ван-Татван-Битлис и Сирт-Мардин-Батман во Турција.
Ќе го намали времето за патување од Ван до Певари, Сирт, од пет часа на два часа.