Hakan Mehmet Şahin
12 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ЕДРЕНЕ (АА) – Голем број фоторепортери се собраа во сончогледовите полиња во Едрене, северозападна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
60 фоторепортери учествуваа на настанот „Денови на сончогледот“, организиран од Дирекцијата за култура и туризам во Едрене и Здружението за уметност во Едрене (EFOD).
Во рамки на преземените мерки во борба против Ковид-10 на учесниците им беше измерена температура и дадени им беа заштитни маски.
Ќемал Сојтурк, директорот на Дирекцијата за култура и туризам во Едрене изјави дека сончогледот, кој се нарекува и „жолта невеста“ на природата, создава прекрасен пејсаж и е едно природно студио во Едрене.
Наведувајќи дека денес фоторепортерите се собрани во сончогледовите полиња во рамките на контролираниот нормален живот, Сојтурк нагласи: „Имаме убав настан придружуван од балкански мелодии. Нашите граѓани кои долго време не излегуваа од дома поради коронавирусот се собраа во сончогледовите полиња. Се надевам дека во 2021 година Едрене ќе стане град на фестивалите. Фестивалот на сончогледот ќе го организираме со присуство на повеќе учесници.“